Хуманитарна организација

"И НИЕ СМЕ ДЕЛ И ВИЕ СТЕ ДЕЛ"

Под ова мото во просториите на фудбалскиот клуб "Илинден" се одржуваат добротворните вечери, во организација на Македонската хуманитарна организација "Св. Архангел Гаврил".

Image 1

 

Осма Донаторска Акција

 

На 16 Ноември 2014, Австралиско - Македонската хуманитарн асоцијација "Св.Архангел Гаврил" организираше донаторска акција во која беше вклучена скара пред влезот на "Bunnings Warehouse" Tarren Point  каде беа собрани вкупно $1230. Средства собрани од овој настан беа испратени за помош на семејството на Аница Цуцулеска од село Лавци Битола.
 

Седма донаторска средба

 

 Oрганизирана е  добротворна вечер на  25 Октомври 2014, во просториите на фудбалскиот клуб ИЛИНДЕН (468 West Botany Street, Rockdale). Целта на добротворната вечер е собирање стредстава за помош на четири лица со сериозни здравствени проблеми:  Марија Синадиноска од Прилеп,Никола Вулетиќ од Куманово, Петар Шибакоски од Охрид и Лилјана Алексоска од Прилеп. На вечерта беа собрани $24,111.

 

Шеста донаторска средба

 

Организирана е добротворна вечер на 26 Април 2014, во просториите на фудбалскиот клуб ИЛИНДЕН (468 West Botany Street, Rockdale). Целта на добротворната вечер беше собирање стредстава за помош на четири лица со сериозни здравствени проблеми:  Силвана Марковска од Струмичко, Филип Зуламоски од Прилеп Сања Чавдарова од Струмица и помал дел за Димитар Ласовски од Битола  На вечерта беа собрани $24,000..

 

 

Филмска Хуманитарна Вечер

 

Македонската Хуманитарна Организација Св. Архангел Гаврил во соработка со Македонската Амбасада во Австралија на 1 Март, 2014 во Casula Powerhouse Centar го прикажa, еден од најдобрите македонски филмови ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ:

Средствата собрани од оваа претстава  бea донирани за помош на три лица: Филип Зуламоски, Мартина Милошеска и Климе Достиноски.

На вечерта беа собрани $7000.

 

Радиотон-акција за Ана Попоска

Со помош на локалните радио станици во Сиднеј: Супер Радио, Радио Сиднеј Македонија, Радио Брич, Радио во Недела со вас, во текот на Ноември 2013 година, се организира добротворна акција за помош на 3-годишната Ана Попоска од Прилеп која боледува од рак на белите дробови. Со оваа акција се собраа $4605. Нашата асоцијација им се заблагодарува на сите радиостаници кои се вклучија во оваа акција и сите слушатели кои ја подржаа оваа акција.

 

Петта Донаторска средба

Организирана е добротворна вечер на 5 Октомври 2013, во просториите на фудбалскиот клуб ИЛИНДЕН (468 West Botany Street, Rockdale). Целта на добротворната вечер беше собирање стредстава за помош на три лица со сериозни здравствени проблеми: Калиа Зоговиќ од Скопје, Димитар Ласовски од Битола и Мартина Милошеска од Гостивар. На вечерта беа собрани $23,078.

 

Четврта донаторска средба

Организирана е добротворна вечер на 11 Maj 2013, во просториите на фудбалскиот клуб ИЛИНДЕН (468 West Botany Street, Rockdale). Целта на добротворната вечер беше собирање стредстава за помош на три лица со сериозни здравствени проблеми: Горан Здравков од Велес, Ива Ивановска од Скопје и Наташа Николовска од Прилеп. На вечерта беа собрани $29,000.

 

Трета донаторска средба - излет

Oрганизиран е донаторски излет на 25 Ноември 2012 година во Bicentennial Park (468 West Botany Street Rockdale). Целта на хуманитарната акција беше собирање средства за помош на три заболени лица: Ива Иваноска од Скопје, Филип Михајловски од Скопје и Елена Петровска од Битола. На излетот беа собрани $7,500.

 

Втора донаторска средба

Организирана е донаторска вечер a 21 Април 2012. Целта на хуманитарната акција беше за собирање средства за помош на четири заболени лица: Наташа Николоска од Прилеп, Весна Боцеска од Прилеп, Тодорка Наумоска од Прилеп и Ивана Павлеска од Струга. На вечерта беа собрани $32,450.

 

 

 

Image 2

Прва донаторска вечер

На 13 Август 2011, во просториите на фудбалскиот клуб "Илинден", Хуманитарната организација "Св. Архангел Гаврил" ја одржа првата донаторска вечер за собирање средства за помош на Гаврил Жежовски од с. Добрејца, Струмица.

Од донаторската вечер одржана на 13 август 2011 вкупно беа испратени $13,442 за помош на Гаврил. Покрај донаторската вечер нашата организација организира и неколку други акции (продажба на чоколада, итн) од кои беа собрани додатни $7.400 AUD. Со тоа, вкупно собраните средства испратени за Гаврил изнесуваа $21,842 AUD.

Акцијата за Гаврил беше потврда за дарежливоста на Македонскиот народ. Нашата организација им се заблагодарува на сите дарежливи и хумани луѓе кои ја подржаа оваа акција.

 image 7