Хуманитарна организација

Сакај го ближниот како себе си

Австралиско-Македонската Хуманитарна асоцијација Св Архангел Гаврил е формирана на 27 април 2011 година во Сиднеј, Австралија. Целта на организацијата е да помага не само на луѓе од македонската заедница туку и на сите луѓе кои живеат во Австралија и кои се соочуваат со тешки финансиски и социјални проблеми.

 

 

На 24 Јули 2014 година, претседателот на Република Македонија, г-н Ѓорѓе Иванов ја одликува оваа орагнизација со наградата Повелба на Република Македонија за особени заслуги и достигнувања во својата дејност како организација за зачувување афирмирање на македонските, историски, културни и духовни традиции и вредности во светот, како и за придонесот за унапредување на пријателските односи и соработка на Република Македонија со Австралија.

Нашата организација е непрофитна организација чии членови се група на ентузијасти кои доброволно го донираат своето време за помош на другите. Главното мото на организацијата е: Сакај го ближниот како себе си!

Светиот архангел Гаврил е познат по носењето добри вести. Под негово закрилништво ние се надеваме дека нашата организација ќе им носи добри вести на сите лица за кои се организираат добротворни акции.