Гаврил

Лука 1:26-28

А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гаврил во галилејскиот град, по име Назарет, кај една девојка. Таа беше свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката ѝ беше Марија. И кога влезе ангелот кај неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со те­бе!“

Икона Гаврил.. меѓу 1387 и 1395

Непознат автор, Византиски Гаврил од Висоцки чин (14 век, Третјаковска Галерија)

Тропар на светиот Архангел Гаврил

Водачу на небесните војски,
ние недостојните секогаш те молиме,
со твоите молитви да нѐ оградиш
под кровот на крилјата
на твојата слава бестелесна,
пазејќи нѐ нас,
кои грижливо ти се приклонуваме и повикуваме:
Од неволји избави нѐ,
како началник на вишните сили.