Хуманитарна Асоцијација

Австралиско-Македонската Хуманитарна Aсоцијација Св Архангел Гаврил е формирана на 27 Aприл 2011 година во Сиднеј, Австралија. Целта на Асоцијацијата е да помага не само на луѓе од македонската заедница туку и на сите луѓе кои живеат во Австралија и кои се соочуваат со тешки социјални и здраствени проблеми.

Нашата Асоцијација е непрофитна организација чии членови се група на ентузијасти кои доброволно го донираат своето време за помош на другите. Главното мото на Асоцијацијата е: Сакај го ближниот како себе си!

Светиот архангел Гаврил е познат по носењето добри вести.

Специјална Награда

На 24 Јули 2014 година, претседателот на Република Македонија, г-н Ѓорѓе Иванов ја одликува Асоцијацијата со наградата Повелба на Република Македонија за особени заслуги и достигнувања во својата дејност како организација за зачувување афирмирање на македонските, историски, културни и духовни традиции и вредности во светот, како и за придонесот за унапредување на пријателските односи и соработка на Република Македонија со Австралија.

Нашата Асоцијација е отворена не само за Македонци туку и за сите други луѓе што живеат во Австралија

Контакт

Сиднеј Нов Јужен Велс, Австралија

info@svarhgavril.com