Зачленување

Заедно сме посилни

Организацијата е отворена не само за претставници на Македонската заедница, но и за сите луѓе кои живеат во Австралија. Доколку сакате да станете член може да аплицирате користејќи ја приложената апликација и да ја испратите до следнава адреса: info@svarhgavril.com

Потребни се две препораки од луѓе со кои имате работено. Со апликација треба да се приложи и годишна членарина, која моментно изнесува $20AUD. Со средствата од членарината се покриваат годишните трошоци околу пријавувањето на финансиските трансакции до Department of Fair Trading.

Членарината може директно да се уплати на сметка на организацијата:

BSB: 032-361
Account number: 597355
Account title: Sv Arahangel Gavril

За подетални информации: info@svarhgavril.com

Нашите луѓе

Македонците се опишани како дарежлив народ и во Новиот завет од Апостол Павле до неговото второ обраќање до Коринтјаните:

“Браќа, ве известуваме за благодатта Божја, дадена на црквите македонски, дека при поднесувањето на многу маки нивната радост беше изобилна; и при својата голема сиромаштија покажаа големо богатство на својата добродушност, зашто според можностите нивни, јас сум сведок, а и преку нив, тие даваа доброволно; нè молеа необично многу, да го примиме нивниот дар и учеството во прислужувањето на светиите; и тоа не како што се надевавме, туку тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господа, а потоа и на нас, по волјата Божја”

23

Настани

142

Бенефицијари

542501

Донирано $

1

Годишнина